ВМРО-ДПМНЕ како беспилотен авион

Во рок од само една седмица, слушнавме целосно различен и контрадикторен став од самиот врв на опозициската партија за немањето, па потоа имањето на потреба од ново прогласување на вонредна состојба во нашата држава, напиша на Фејсбук Андреј Жерновски.

„Со непријатното чувство на “ме уби туѓата срамота”, а целосно свесни дека нема и не може да има пилот во беспилотниот опозициски авион, во врска со ова исклучително битно прашање на сите ни се наметнува следната дилема:

– Дали ВМРО-ДПМНЕ има воопшто став?;
– Дали ставовите на ВМРО-ДПМНЕ траат неколку дена?;
– Дали има две струи во ВМРО-ДПМНЕ со целосно спротивставен став?“, посочи Жерновски.