“Од сите болести, ГЛУПОСТА е најнеобична- од неа не пати болесникот, туку сите останати.”
Пред камерите и микрофоните, преполна уста со зборови и глума за наводната грижа околу економската состојба на граѓаните и на државата.
Па сепак, скриени позади собраниските затворени врати, ширум се отвора вистината.
Нека сведочи фотографијава за цинично насмеаните опозиционери, задоволни што со нивниот бојкот го оневозможуваат донесувањето на законите од петтиот антикризен пакет кои се во насока на поддршка на македонската економија.
Гајле им е нив што ја блокираат поддршката за 20.000 компании и околу 130.000 вработени, како и 25.000 граѓани од ранливите категории.
Важно, в џеб им “легнаа” нови дневници, кои токму граѓаните им ги плаќаат.
С Р А М О Т А !!!
ФБ статус на Андреј Жерновски