Се врати ВМРО-МВРО, одговорност од Чулев
Како вчера да беше тоа горчливо чувство во нашите утроби кога ја слушнавме Гордана Јанкуловска како ја кажува вистината за начинот на кој она и нејзината партија раководеа и владееја со Министерството за внатрешни работи, односно кога ВМРО и МВР функционираа како едно.
Не помина многу време оттогаш, за да сфатиме колку брзо можат истите злобни духови од минатото да се вратат на истото место.
Можно ли е во самата ДНК на партијата да е потребата од злоупотреба на државните институции за свои партиски цели? Како е возможно за толку кратко време да се случат низа на скандали, чиј крај не се ни гледа?
Завчера беше “отсјајот” од рацете на телохранителите на Мицковски, вчера беше упадот во магацинот на Заеви од каде се донираат хуманитарните пакети, денес е скандалот со снимање спот со педесетина полициски возила.
Сите тези дека министерството, односно партијата, нели, се грижи исклучиво за здравјето и безбедноста на граѓаните, паднаа во вода.
Сред пандемија и полициски час да ги повлечеш возилата и полициските службеници, да ги оставиш улиците на Скопје празни и небезбедни за да си снимаш реклами пред спортскиот центар Борис Трајковски, без никакви дилеми е штетен и суициден потег за кој мора да се одговара!
ФБ статус на Андреј Жерновски