Ова од ВМРО-ДПМНЕ убаво звучи секако…песна за увце.

Инаку ова е кампања на Никола Груевски од 1999 година…Тогаш како млад новинар уредник го покренав Капитал и во мојата прва колумна пишав – кои македонски прозиводи? Кога прашав, Слободан Чашуле како директор на Нова Македонија, го укина Капитал од печатење…Добро не беше само тоа причината…

Денес го прашувам вмро-дпмне (кога веќе повторно го отвора ова болно прашање) Вие во таа партија најбројте 30 македонски производи што можеме како граѓани да ги купуваме?! НЕМА.

Ако не наброите тогаш оваа ваша определба е гола пропаганда!

Зошто нема македонски производи?

Е тоа е темата…Успеавте и Битолска млекара да ја продадете…Да бележи успеси до небо! Факт…

Но, да биде српска, не македонска

Како да ние не знаеме млеко и сирење да прозиведеме…

За што зборувате вие?

ФБ реакција на Љупчо Зиков по повод кампањата на ВМРО-ДПМНЕ „Да ги помогнеме сите заедно македонските компании, да ги спасиме работните места. Едноставно е, купувајте македонски производи“