Кој за што, Македонците за избори. Од 1991 година до денес во Македонија безмалку секоја година има гласање. Што на редовни и вонредни парламентарни, што на претседателски и на локални, што на изјаснување на референдуми и со гласање и со бојкоти. Само што се конституира новиот парламентарен состав и влада, стаса барањето за нови предвремени парламентарни избори.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски неполни три месеци по последните јубилејни десетти парламентарни избори, кои се одржаа на 15 јули, ја потврди оваа дијагноза за заразата на познатиот партиски кластер и побара нови вонредни избори да се одржат што побрзо, ако може веднаш. Но, за да се намалат трошоците, великодушно го одреди и датумот за идната година заедно со локалните, со прекрасна идеја да бидат во еден круг. Така било и подемократски и поевтино, но и добра понуда да не се осипува партијата и да не му се тресе местото во Белата палата, оти брзо ќе се вратат на власт.
Целата колумна на Ерол Ризаов за Дојче Веле на следниов ЛИНК.