На 19 септември 2017 година Собранието по скратена постапка ги донесе измените на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со кој се укина плаќањето на радиодифузната такса.
Со ваквото законско решение се ослободија граѓаните од една непотребна давачка.
190 денари месечно или околу 40 евра на годишно ниво е заштедата на секое семејство само од оваа мерка.
Со измените на законот, Македонската радиотелевизија се финансира директно од буџетот, од кој на годишно ниво треба да се издвојува 0,5% или 14,3 милиони евра.