Со евтината тарифа на струјата, граѓаните заштедуваат до 11 милиони евра.
Оваа мерка почна да се применува од 01.10.2017г.
Евтината тарифа граѓаните можат да ја користат секој работен ден и сабота, од 14 до 16 часот.
Со оваа мерка, 11 милиони евра, остануваат во џебот на граѓаните.
Воведувањето на евтината тарифа на струјата е мерка која ја воведе владата, со цел да му се помогне на секое семејство во државата.
Резултатите покажуваат дека заштедите за граѓаните кои ја користат евтината струја за вклучување на апаратите од домаќинството се движат од 30 до 40 отсто.