Денеска почна исплатата на дел од штетата на 50 правни и 20 физички лица од големиот пожар што го зафати ТЦ „Глобал“ во Струмица лани на 2 јануари. Тие ќе добијат 20 отсто од вкупно пријавената штета, односно ќе им се поделат 13 милиони денари.

Животот носи непредвидливи настани, и добри и лоши, но и едните и другите се искуства кои не прават уште поцврсти и похрабри, истакна градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

„Лошите работи, несреќите и трагедиите, предизвикуваат голема болка и загуба, но кога заедницата не те остава сам и ти подава рака за помош, полесно се поднесуваат.Општина Струмица и Владата на Република Северна Македонија не ги остави сами и не ги заборави сопствениците на дуќани кои беа зафатени во големиот пожар во „Глобал“ на 2 јануари 2021 година.

Денеска споделувам убава вест за нив. Започна исплатата на помошта од Владата на Република Северна Македонија. Педесет правни и 20 физички лица ќе добијат по 20 проценти или вкупно 13 милиони денари.Општина Струмица и финансиски и со други активности во рамките на нејзините надлежности помагаше во санирањето на последиците и обновувањето на опожарениот дел на Глобал.

Се надевам дека овие средства ќе бидат од помош и НИКОГАШ повеќе да не се повтори, посочи Костадинов.