Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски од утрово е на терен каде што ја следи работата на чистењето на снегот на патниот правец кон с. Нерав.

„Од утрово сум на терен каде што директно ја следам работата на чистењето на снегот на патниот правец кон село Нерав. Така ќе биде и во иднина, постојано на терен се до постигнување на крајната цел чисти тротоари и проодни патишта“, нагласи Митовски.