Градоначалникот на Крива Паланка, Сашко Митовски соопшти дека е одобрен уште еден проект за подобрување на патна инфраструктура во Крива Паланка.

Усвоена е пренамена во регионален пат на патниот правец Крива Паланка ( м.в.Спасена)- село Луке кој ќе се реконструира со средства од 16.318.045 илјади денари од годишната програма на Јавното претпријатие за државни патишта, информираше Митовски.

„На задоволство на жителите на село Луке и околината, остварени се моитое заложби и иницијатива уште од почетокот на мандатот, за подобрување на квалитетот на животот на населението во овој дел од општината.
Наскоро се очекува да отпочнат активности за надградба и поправка на дотраениот коловоз и да се постави нов асфалтен слој.
Продолжуваме со вложување во секој дел од општината“, истакна Митовски.