Кандидатот за градоначалник на Крива Паланка, од редовите на СДСМ, Сашко Митовски им го честиташе патрониот празник на жителите на улицата 8ми Октомври и населба Маневци.

„Вечерва заедно со мојот тим најавивме решавање на проблемот со излевање на Дурачка Река преку регулација на речното корито.
Ќе изградиме нова пристапна улица и ќе го решиме проблемот со паркирањето.
Жителите на улиците 8ми Октомври, Калин Камен и населба Маневци го одбираат најдоброто!“, истакна Митовски.