Градоначалникот на Крива паланка, Сашко Митовски соопшти дека Општина Крива Паланка започна со изградба на локален пат во населба „ Мизовски Ливади“ со средства обезбедени од Владата на РС Македонија преку ТАВ програмата, за подобрување на локалната инфраструктура во општините.

„Градежните работи за изградба на локалниот пат се одвиваат со интензивно темпо и во зависност од временските услови се очекува брза реализација на овој проект.
Изведувач на градежните работи е фирмата Цвет Копани ДООЕЛ, а надзор ВЕИНГ ДООЕЛ“, посочи Митовски.

Митовски нагласи дека Општина Крива Паланка и во наредниот период ќе ги интензивира активностите кои се во насока на подобрување на урбаниот лик на градот и подобрување на условите за живот на сите граѓани со решавање на наталожените проблеми.