Јавното претпријатие за државни патишта од 10 февруари ќе започне со ефективна примена на новите цени за патарина за моторџиите. Мотоциклите со две тркала лани беа вклучени во посебна категорија на возила – категорија 1 А, со што тие ќе плаќаат за 40 отсто пониски цени за патарина во споредба со автомобилите.
Надоместокот за употреба на пат за мотоциклите ќе изнесува 20 денари на наплатните станици „Петровец“, „Миладиновци“, „Тетово“, „Гостивар“, „Глумово“ и „Желино“. Патарина во износ од 40 денари ќе плаќаат на наплатните станици „Романовце“ и „Стоби“, додека 50 денари од правец моторџиите ќе треба да издвојат на наплатните станици „Сопот“ и „Отовица“. Највисока цена од 60 денари за правец од 10 февруари ќе се плаќа на наплатната станица „Гевгелија“.
Воведувањето на мотоциклите како нова категорија на возила што плаќаат патарина е на барање на Мотоциклистичката Федерација на Македонија, а беше усвоено со одлука на ЈП за државни патишта кон средината на 2019 година.