Генералниот секретар на СДСМ и носител на изборната единица 3 Љупчо Николовски денеска беше меѓу граѓаните на Кратово, градот на кулите и мостовите.

44

Од остварените средби согласно здравствените протоколи констатираше дека чинители од различни сфери на општественот и бизнис сектор во Кратово, ги користат придобивките од пакетите на економски мерки на Владата предводена од СДСМ.

„Само во во Кратово, 521 лице ја искористи мерката субвенции за плати од 14.500 денари и 50% придонеси, а 1.856 лица добиле платежни картички. Во целиот Исток 24.431 лице добиле вакви субвенции, а 54.174 лица добиле платежни картички. Значи се можело! А #можеме уште повеќе, уште подобро.“ – вели Николовски.

66

Тој пред кратовчани ги сподели и плановите со цел повисок животен стандард:

• Додека трае кризата, се обврзуваме да ја задржиме минималната плата во висина од 14.500 денари, а по завршувањето на кризата, СДСМ ќе обезбеди раст на минимална плата до 40% до крајот на мандатот. Просечната плата до крајот на мандатот ќе порасне до 30% ;
• Бесплатна „зелена“ нафта до 2024 година за сите земјоделци.
• Намалување од 18% на 5% на данокот за занаетчиски услуги;
• Ослободување на плаќање данок на сите новосоздадени приватни претпријатија формирани од млади до 29 години или жени се додека прометот е под 3 милиони денари;
• Субвенционирање од 49% на обуки за преквалификација и неформално образование;
• Неповратни средства од 5.000 до 15.000 евра за млади и жени за отворање сопствени бизниси во кои државата го презема поголемиот дел од ризикот при евентуален неуспех! – вети Николовски.

33