Генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски денеска заедно со кандидатот за градоначалник на општина Зрновци, Виктор Анѓелов, разговарааа со пазарџиите во Зрновци.

„Недела е пазарен ден, ден кога пазарите се полни со живот. Тие го отсликуваат ритамот на животот во секој град или село.
Заедно со кандидатот за градоначалник на општина Зрновци, Виктор Анѓелов, разговаравме со пазарџиите во Зрновци, ги слушнавме нивните барања, потреби и сугестии. Земјоделството е една од најважните гранки во нашата економија, а производството и продажбата на здрава и квалитетна храна се едни од најблагородните професии.
Разговаравме за стопанството, за поддршка на земјоделството,како да ја подобриме конкурентноста на македонските производи“, истакна Николовски.

-Имаме план, имаме програма, знаеме како треба да се развива општината. #Најдоброто за Зрновци е Виктор Анѓелов“, нагласи Николовски.