Државата е тука да помогне кога е најтешко, истакна Љупчо Николовски, вицепремиерот за борба против корупција и криминал, за одржлив развој и човечки ресурси.
„Со четвртиот пакет мерки обезбедуваме поддршка за туризмот, за земјоделството, за угостителската дејност. Го намалуваме ДДВ-то за занаетчиите и за ресторанските услуги“, посочи Николовски.
-Преку Европската инвестициска банка ќе бидат обезбедени нови 100 милиони евра поволни кредити од Развојната банка на Република Северна Македонија. За постоечките корисници на бескаматни кредити од КОВИД-1 од РБСМ, се зголемува грејс периодот за исплата на земените кредити за дополнителни 3 месеци, потенцираше Николовски.
Николовски нагласи дека вкупната вредност на четвртиот пакет економски мерки изнесува 470 милиони евра, а заедно со претходните три пакети, достигнува 1 милијарда и 20 милиони евра помош во овие времиња кога истата е најнеопходна за граѓаните.
Почетна ЗА ГРАЃАНИТЕ Николовски: Со четвртиот пакет мерки обезбедуваме поддршка за туризмот, за земјоделството, за...