Заедно со градбата на откупни дистрибутивни центри, во земјоделството реализираме големи капитални инвестиции за наводнување, истакна Трајан Димковски, член на ЦентралниотОдбор на СДСМ и министер за земјоделство,шумарство и водостопанство на трибинатаАгенда 20-24 во Струмица.

Димковски соопшти дека е одобрен кредит од КРБ банка во висина од 80 милиони евра за вложувања во капиталните системи за наводнување и тоа Вардарска долина 3 фаза, Лисиче Конско и Пепелиште.

Со овие инвестиции површините под наводнување ќе се зголемат за  28 илјадихектари, нагласи Димковски, додавајќи дека сосредствата од програмата за рурален развој сеградат системите за наводнување на Оризарска река во Кочани и Речица- Равен во Полог.

Во однос на патната локална инфраструктура, 200 проекти се во фаза на финансирање, со вкупен буџет за периодот 2018-2021 година од 38 милиони евра истакна Трајан Димковски,член на Централниот Одбор на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на трибината Агенда 20-24 воСтрумица.