Младите социјалдемократи од Свети Николе извршија дезинфекција на сите колективни станбени згради на територија на Општина Свети Николе!

👉 Денеска младите од ЛК на СДММ – Свети Николе извршија дезинфекција на сите колективни станбени згради во Општина Свети Николе.
▪️Целосно се дезинфицира внатрешноста на зградите, влезните врати, сандачиња, подови и гелендерите во самите објекти.
▪️Оваа акција е иницирана од страна на локалната самоуправа и Сашо Велковски – Градоначалник на Општина Свети Николе со цел да се заштити здравјето на нашите сограѓани.

🗣 Како претседател на ЛК на СДММ – Свети Николе упатувам благодарност до сите кои дадоа допринос во реализацијата на оваа акција за заштита на јавното здравје од коронавирусот. Мораме и понатаму да бидеме одговорни и да ги следиме препораките на Министерството за здравство и одлуките на нашата Влада.
▪️На сите верници од православната христијанска вероисповед им ги честитам Велигденските празници и пред сѐ Ви посакувам добро здравје, трпение и спокој во семејството.

Да бидеме одговорни!
#СедиДома #ЗаштитиСе

ФБ статус на Бојан Максимов, претседател на ЛК на СДММ – Свети Николе