Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделствоото и руралниот развој, ги информира сите земјоделци, занаетчии, мали фарми и фирми дека од денеска почнува да тече подготвителниот рок за прибирање на целокупната документација која е потребна за аплицирање и добивање на финансиска поддршка преку мерката 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ од ИПАРД 2 програмата.
Директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, информира дека согласно програмата, сите заинтересирани ќе може да поднесат барања за модернизација на постојните или отворање на нови погони за:
„Производство на прехрамбени производи и пијалоци, занаетчиски дејности, развој на услуги за руралното население како и промоција на руралниот туризам. Ова значи дека со средствата од Мерка 7 „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ ќе може да се отвораат нови или да се модернизираат погони за тестенини, колачи, да се отворат или унапредат фарми за одгледување на зајаци, дивеч, полжави, слатководни риби, насади за дрва и дрвна маса, како и отворање на ресторани кои нудат угостителски услуги и сместувачки капацитети.“ – појаснува Бачовски.
Согласно програмата 65% од прифатливите трошоци за реализиација на инвестициите ќе им бидат вратени на апликантите.
Откако ќе заврши овој рок од 30 дена за подготовка и прибирање на потребната документација за аплицирање, Агенцијата во наредниот период ќе објави повик за Мерка 7 „ Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ .
Апелираме до сите заинтересирани, при поднесување на апликациите да водат сметка и уште при аплицирање да го достават целиот сет на барана документација која е утврдена согласно Упатството за корисници на средства од ИПАРД 2, Мерка 7. Сите информации околу потребната документација може да се најдат на веб страна на Агенцијата, www.ipardpa.gov.mk .
Преку оваа мерка „Диверзификација на фарми и развој на мали бизниси“ се создаваат услови за развој на најмоќниот дел од економијата а тоа се малите и микро претпријатија кои се моторот на домашната економија и кои ќе помогнат во развој на руралните средини. Со користење на европските средства од петтата компонента на инструментот за претпристапна помош се унапредува и осовременува домашниот агро-сектор, а со тоа се овозможува зголемено производство, квалитет, како и пласман на домашните земјоделски производи во странство.
Платформата Агротим ве информира дека помош околу апликации и други детални информации можете да побарате во Консултантската фирма „АГРОКУЛТУРА КОНСАЛТИНГ“ која изготвува апликации за:
- Сите видови на барања (субвенции, ИПАРД програми, Млад земјоделец, Рурална жена и други мерки од национална програма, евиденција во МЗШВ и т.н.)
- Инвестициони програми и деловни планови за во банки , Ипард и Национална програма
- Услуги за прибирање на потребна документација(со овластување)
- Советодавни услуги за имплементација на правилник за продажба од праг
- Советодавни услуги за исполнување на условите за добра земјоделска и хигиенска практика
- Проекти за рурален туризам и рурален развој
Освен подготовка на апликации, АГРОКУЛТУРА ви нуди и предлог семејни агробизниси со сите потребни информации околу почнување на бизнисот. Од набавка на репроматеријали, стручни совети, следливост на производството до поддршка со пласманот.
Соработуваме со искусни советници и консултанти кои зад себе имаат голем број на реализирани проекти и апликации.
За сите информации околу користењето на услугите на АГРОКУЛТУРА КОНСАЛТИНГ на телефон 071 381 453.
Адреса – ДТЦ Шехерезада кат 1 лок 12
Битола