Вo програма на коалицијата „МОЖЕМЕ“ во областа земјоделство големо внимание се посветува на младите земјоделци, односно земјоделски производители до 40 годишна возраст.

И во претходните 3 години Владата предводена од СДСМ имаше неколку мерки наменети за оваа целна група, како мерката „Млад земјоделец“ преку која се доделуваа 10 000 евра неповратни финансиски средства. Оваа мерка сега е дуплирана и грантот за млади земјоделци е 20 000 евра.

Потоа младите се ослободија од плаќање на закупнина во првите 3 години по склучување на договорот, а предност имаа и во многу други мерки од националната програма и од ИПАРД:

Поддршка за млади земјоделци

Мерка за подмладување во земјоделскиот сектор преку создавање услови за мотивација на младите земјоделци до 40 години да останат во земјоделското производство.

За подобрување на старосната структура, запирање на процесот на стареење и обновување на генерациите, нудиме помош за младите фармери преку:

-Доделување земјоделско земјиште за млади фармери носители на земјоделски стопанства.

-Доделување финансиски средства за започнување земјоделска дејност

-Зголемување на износот на основните субвенции

-Субвенционирање на плата (по 3.000 денари) на нововработен работник во земјоделско стопанство помлад од 25 години.