-Денес Владата предводена од СДСМ интензивно вложува во Куманово и со тоа ја исправа долгогодишната неправда што со години му беше нанесувана на овој град, порача премиерот Оливер Спасовски на својот ФБ профил.

Тој ги сподели досега реализираните проекти во патната инфраструктура во овој регион.

-Рехабилитирани патишта во должина од 112 км и тоа: Куманово-Опае, Куманово – Никуштак, Куманово – Свети Николе, Младо Нагоричане – Пелинце, Куманово – Страцин и Ропалце – Матејче – Липково. Овие регионални патишта околу Куманово никој не ги реконструирал повеќе од 40 години. – сподели Спасовски.

Започна и реконструкцијата на втората етапа од магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, од селото Војник до Ранковце, во должина од 16,64 километри, инфомрираше премиерот споделувајќи фотографија од улиците пред и по рехабилитацијата.