Владата даде позитивно мислење на барањето на Собранието на Северна Македонија на Предлог – законот за субвенциониран студентски оброк, кој пратениците треба да го усвојат по скратена постапка.
Овој предлог дојде од ЛДП и предвидува по 120 денари дневно или по 2.400 денари месечно за секој студент да може да си дозволи здрав студентски оброк.