Од Криволак воените полски болници по 8 години во Скопје. Досега се користеа само за тактички вежби на армиските сили. За два дена ќе добијат нова намена сместени на местото на стариот, сега веќе срушен студентски дом Медицинар.

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска за Телма вели дека во следните 10 дена се очекува да бидат поставени дополнителни контејнери со тушеви , тоалети и кревети и со тоа дополнително да се зголемуваат капацитетите на инфективната клиника.

Како што предходно најави министерот Филипче, првите контејнери ќе бидат поставени веќе следната недела.