Градежната офанзива во 🇲🇰 продолжува!

Завршена е 70% од дистрибутивна мрежа на системот за наводнување на Валандово во јужниот дел на долината на реката Вардар. Со оваа инвестиција од над 24,3 милиони евра го унапредуваме земјоделското производство и го правиме конкурентно.

Системот за наводнување е составен од главна мрежа и секундарна мрежа со вкупна должина од 85 километри и со него ќе се наводнува 2100 хектари обработливо земјоделско земјиште. Овој проект започна официјално со градба јуни 2019 година и очекуваме да заврши 6 месеци пред предвиденото.

Со ❤️ за Валандово!