Во Општина Крива Паланка е поставен првиот пластикомат во рамки на проектот „За чист град користи пластикомат“, кој се реализира од Центарот за развој на Североисточниот плански регион во три општини. Проектот опфаќа поставување на соодветен апарат т.н пластикомат во кој граѓаните ќе можат да ја одлагаат употребената пластично-алуминската амбалажа (пластични шишиња и лименки) кои како отпад самостојно во природата не се разградуваат и распаѓаат и со тоа се сериозен проблем за животната средина.

Со поставувањето на овој апарат машина за првпат бенефит од истата ќе има секој граѓанин корисник бидејки во апаратот има вградено соодветен софтвер кој ќе го регистрира секое одложено пластично шише и лименка на соодветна мобилна апликација со што корисникот ќе акумулира средства и одредени попусти во маркетот каде се наоѓа апаратот.
plastikomat1Повратот на граѓанинот кој собира и ја користи машината е 100 процентен, што значи дека колку собира толку и добива од пазарната вредност на пластика/алуминиум.

Проектот има за цел да го намали неконторолираното фрлање на пластика/алуминиум, со што корпите за отпадоци ќе можат да соберат повеќе друг вид на комунален смет.

Целитот процес ќе се следи од страна на ЈП Комуналец, а одржувањето на машините и софтверот ќе биде обврска на економскиот опреатор ПАКОМАК . Софтверот има и база на податоци со што ќе се овозможи иработка на годишен извештај за количината и видот на отпад.

Пластикоматот е поставен во внатрешниот дел до влезот во ПАКЕТМАРКЕТ, лоциран на градскиот плоштад, и истиот ќе може да се користи кон крајот на месецот.

Со поставувањето на овој апарат Општината продолжува со заложбите за селектирање на отпадот од страна на граѓаните, а во изминатиот период беа поставени специјални садови за селектирање на стакло и електронски отпад.