Со средства на Јавното комунално претпријатие „Дервен” во тек е замена на старата азбестцементна цевка на водоводната линија на улица „Крсте Мисирков” во Општина Велес во должина од 150 метри, со нова полиетиленска цевка (со пресек од 160 мм).
Со ова ќе се обезбеди безбедна и квалитетна вода за пиење, велат од локалната самоуправа.
По завршување на реконструкцијата на водоводната линија, Општина Велес ќе издаде налог за реконструкција на дел од улицата на завршниот слој асфалт.
Со цел непречено одвивање на градежните работи, Општина Велес упатува апел до жителите кои гравитираат кон овој дел на градот за разбирање, внимателно движење и управување на моторните возила, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и дадените знaци од страна на службените лица.