Денес Владата преку официјално соопштение објави приватни разговори помеѓу Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и Генералниот секретар на Владата Драги Рашковски рече на прес конференција – Димче Арсовски, Портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова денеска што граѓаните можеа да го прочитаат во медиумите е обид за амнестија на Владата за целиот сомнеж за криминал кој го прави, пропратен со лажни грижи за граѓаните. Нема хуманитарна акција каде што граѓаните сами си плаќаат.

Незаконското објавување на приватни разговори самото по себе повлекува одговорност пред судовите, но еве јавно изјавуваме да не се вознемирува дека Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски нема да го тужи Драги Рашковски за изнесените разговори во јавност, затоа што добро е граѓаните да знаат дека ние сме единствените кои сме против сомневањата за криминалот и авантата на Владата на Заев и Рашковски и печалењето пари на грбот на граѓаните кои се враќаат во својата татковина.

Она кое што сакаме да го потенцираме во јавноста од изнесените пораки е дека постои сериозен сомнеж за криминал, аванта и воено профитерство, дури и во кризни моменти кога се работи за здравјето и безбедноста на нашите граѓани кои се враќаат од секаде од светот во Република Макединија.

И да, мораме јавно да потврдиме, секогаш кога ќе има сериозни сомнежи за криминал од страна на Владата, бидејќи се работи за граѓаните и државата, ќе вршиме притисок во рамките на можностите да не се врши грабеж на маката на граѓаните, порача Арсовски.