Совет на Општина Крива Паланка на седницата одржана на ден 14.02.2024 година донесе Одлука за доделување на еднократна парична помош на матуранти запишани во СОУ „Ѓорче Петров“ Крива Паланка во учебната 2023/2024 година.

Еднократната парична помош е во износ од 3000 денари, а потребните документи за аплицирање се наведени во Барањето кое заедно со потребните документи треба да се достави до архивата на Општина Крива Паланка или електронски преку апликацијата мЗаедница.