„Ние, младите социјалдемократи, веруваме во инклузивно, фер и праведно општество. Општество во кое најважни се: достоинството, почитта и еднаквстова. Општество кое се грижи за младите и ги помага“ рече коносителот на Изборната единица 6 од СДСМ, Агрон Демири на промоцијата на програмата „Програма за европска иднина“ на СДСМ.

Тој додаде дека затоа во програмата на СДСМ се предвидуваат проекти за доброто на младите.

„’Грижа за младите – Станови за млади брачни парови’ е проект кој предвидува изградба на комерцијални станови за млади лица, во чија откупна цена дел од сумата ќе биде субвенционирана од Владата“ рече Демири.

Тој додаде дека исто така, новата влада на СДСМ ќе обезбеди по 200 евра во првите 12 месеци за секое прво вработување на лица до 26 години.