Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција информираше за состојбата во Институтот за физикална медицина и рехабилитација во Козле.

„Таму се тестирани 46 вработи и 6 пациенти. Примероците се земени на 26, 27 и 28 март, позитивни се 8 медицински лица и двајца пациенти. Во текот на денешниот ден тестирани се уште 16 пациенти кои во моментот се уште се хоспитализирани во заводот. Имајќи ги во предвид резултатите, заводот во Козле нема да работи во следниот период, сите пациенти на кои ќе им биде потребна ваква форма на терапија ќе се упататат во болницата „8 Септември“ кадешто има одделение за физикална медицина“, рече Филипче.