Газдата на националниот ресторан “Maл Алтан” од Скопје, Горан Блажевски информира дека нема да ги отпушти своите вработени.

“Јас Горан Блажевски, сопственик на Мал Алтан, моите вработени не ги отпуштам по цена и фирмата да пропадне. Јас луѓето ги ценам, а посебно пошто знам како е да немаш, и така да ако треба ќе делам на пола, моите вработени ќе имаат поддршка целосна, од мене и мојата фамилија”, напиша на Фејсбук, Блажевски.