На 05.07.2026 во 18:00 часот, полициски службеници од Полициското одделение Ранковце го лишија од слобода Д.М. (43) од Ранковце, затоа што пред продажен објект во Ранковце со остар предмет се заканувал кон И.П. (38) од Ранковце. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.