Општина Крива Паланка ја известува јавноста дека во ноќта помеѓу 9 и 10 јули 2026 година (четврток кон петок) ќе се спроведе терестрична дезинсекција против комарци на територијата на општината.
-Ги повикуваме граѓаните во периодот на спроведување на дезинсекцијата да избегнуваат непотребно задржување на отворено, велат од општината.
Апел до пчеларите: Во текот на дезинсекцијата и 3–4 часа по нејзиното завршување, потребно е да ги затворат кошниците со пчели, со цел да се заштитат пчелните семејства од евентуално влијание на средствата што ќе се користат.
Во случај на неповолни временски услови, дезинсекцијата ќе биде одложена и ќе се реализира во првиот нареден термин кога временските услови ќе бидат соодветни.








































