Нема откуп на млекото. Сточарите од Делчево, Берово и Пехчево излегоа на протест, а ако нема решение се заканија со протести и пред Влада.
Средба со актуелниот Цветан Трипуновски и идниот министер за земјоделие Борче Серафимовски денес имаа сточарите од Здружението „Симентал“ од Делчево. Тие бараат решение за дополнително снижените откупни цени, но и што да прават со нивното млеко откако преработувачи престанаа со откупот.
Наместо заштита, сточарите се соочуваат со неосновани закани со тужби за протестите и брутално кратење на откупните цени за цели 30%, со што се принудуваат да го стопираат производството и да ги празнат шталите, велат од здружението.








































