23-годишна девојка од Македонија е пронајдена мртва во стан во областа Неаполи во Солун, пренесуваат грчките медиуми.

Нејзините родители со денови не можеле да стапат во контакт со неа, па близок роднина заминал директно до станот во Солун во кој престојувала младата девојка, каде за жал ја пронашол без знаци на живот, по што веднаш биле известени грчките надлежни служби и полицијата.

Првичните наоди покажуваат дека младата девојка починала поради болест или природен процес во организмот, објави грчкиот медиум Thestival.gr.

-Според досегашните информации, при обдукцијата не биле пронајдени знаци кои би укажале на криминално дело. Надлежните органи ги очекуваат резултатите од токсиколошките анализи, кои треба да дадат дополнителни информации и да ја потврдат точната причина за смртта. 24-годишната жена, која била со потекло од Македонија, била пријавена за исчезната откако нејзиното семејство не можело да стапи во контакт со неа. Случајот сè уште се истражува, а надлежните ги проверуваат сите достапни информации поврзани со околностите на нејзината смрт, пишува медиумот.

Неофицијало, девојката била од Прилеп.