Денеска во Кривичниот суд во Скопје еден од сведоците беше Стефан Младеновски, еден од 33-цата обвинети за настаните кои се случија на 27 април, во јавноста попознат како “Крвавиот четврток”.
Младеновски тврдел дека на парламентарните избори во декември 2016, додека ги чекале резултатите во прес-салата во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, од Дејан Димковски – Боксер, вработен во УБК, им било кажано дека нема да се дозволи СДСМ и ДУИ да формираат владина коалиција.
Во продолжение, Младеновски објаснил и како биле организирани протестите пред ДИК кога се одлучувало за приговорите на партиите во врска со изборите.
„Нинџа ни соопшти дека ќе има протести пред ДИК и ако не бидат прифатени приговорите на ВМРО-ДПМНЕ ќе треба да се упадне во седиштето. Пред седиштето беше донесен и ранец со молотови коктели. Беше во една во грмушките”, сведочел Младеновски.







































