- ТЕРЕТАНА I ДЕЛ: На 4 април, на социјалните мрежи се појавија слики и видео на кои се гледаше како Христијан Мицкоски излегува од теретана во услови кога со одлука на Влада од 14 март беше забранета работа на теретани, кафeтерии и кладилници заради пандемијата со коронавирусот. Реакциите беа бурни, а на социјалните мрежи беше критикуван заради своето самоволие, ароганција, непочитување на мерките и привилегираност. Додека сите седеа дома, дали само тој мораше да одржува кондиција?!
2. ПРАВДАЊЕ: Следниот ден сопственикот на теретаната на социјалните мрежи објасни дека е точно дека Мицкоски бил во теретаната и се задржал 40-тина минути, ама само си ја земал опремата која му била таму, а тоа е секако доста долг процес.


6. ПРИТИСОК ЗА ЗАТВОРАЊЕ НА ИСТРАГАТА: Од вчерашната изјава на ТВ 24 на дополнителната заменичка министерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, се отвори една нова димензија на случајот теретана.
Оттука, нејасно е зошто на Мицкоски толку многу му се брза да се затвори истрагата за теретаната и тоа со ургенции преку свои контакти во МВР, ако бил целосно искрен пред себе и пред јавноста. Во едно неодамнешно интервју во врска со овој случај дури себеси се нарече и “жртва на кампања”. Како тоа “жртва на кампања” врши притисоци во МВР и зошто не дозволи да се докаже дека сè било само отсјај, а тој секако ќе триумифира и ќе ја потврди својата искреност пред граѓаните, оние што треба да го гласаат?

После вчерашните наводи на дополнителната заменичка миинистерка за внатрешни работи, Славјанка Петровска, на социјалните мрежи се поставува прашањето дали Мицкоски ќе има доблест да се повлече од лидерската позиција ако се докажат наводите на Петровска?!
Дали Мицкоски навистина беше математички прецизен во описот “пропаднат спортист” ќе дознаеме наскоро, а дали тоа ќе го следи и во политиката останува да видиме?!
Абе какви ти се овие лудории, он на избори не излага за да ја зачува таа позиција, ти па за обична, отсјајна ургенција викаш. Нели гледаш, против карантин се и не им смета отварање локали. На религиозни собири Бог ги чува граѓаните, на избори со протоколи Богот има име – Вицкоски
— Фарина (@Palavkovska) May 21, 2020










































