ВМРО-ДПМНЕ е против полициски час затоа што може да ја контролираме ситуацијата. Се и против избори. Значи не е голема криза за полициски час, а е голема за избори, порача Петре Шилегов, градоначалник на Град Скопје и член на Кризниот штаб, во вечерашното гостување во „Клик Плус“ на ТВ 21.
Ваква или слична здравствена сосотојба ќе имаме следната година и половина. Светска стручна јавност предупредува дека со екстремно присуство на вирусот ќе живееме најмалку уште една година додека не се најде вакцина или колективен имунитет, појасни Шилегов.
Кога правите број на тестови се смета дека епидемијата ја имате под контрола. Во последните 12 надели колку што трае вирусот успеавме кривата да ја спуштиме. Епидемиолошката генеза треба да се има предвид. Епидемиолозите тврдат дека имаме целосна контрола врз епидемијата. Да остане така мора да продолжи овој тренд, мора органите да си ги исполнуваат обврските и граѓаните да ја носат заштитната лична опрема, рече Шилегов.







































