Вчера околу 15 часот на регионалниот пат Градско-Неготино, патничко возило „ауди“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од И.Ѓ.(49) од Гевгелија, излетало од патот и удрило во земјен канал.
Притоа, возачот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во болницата во Велес за укажување лекарска помош.
Увид извршила екипа од СВР Велес, соопшти Додевски.







































