Холивуд може да им позавиди деновиве на ВМРО-ДПМНЕ!
Кој да мисли сега на избори, кога главните политички актери од опозициската ВМРО-ДПМНЕ се фрлени на снимање туристички спотови. На избори не одат, полициски час не сакаат, мерки не мора да се почитуваат, казнување никако…ама еве сега гледаме и зошто. Креативната кујна на ВМРО-ДПМНЕ работи на туристички спотови за да им даде идеи на граѓаните каде да летуваат. Бидејќи граѓаните не знаат?! Избори не мора да има, државата е под закана од блокада, институциите на системот се пред колапс…ама за опозицијата во моментов топ приоритет е кој каде ќе летува? Се правдаат дека ако нема услови за кампања, нема услови ни за избори, ама за снимање спотчиња е секогаш време. Ако не се одржат избори и не се избере легитимна Влада и Парламент кризата во државата само ќе се продлабочува, а тоа на опозицијата и е совршено јасно, но она што е нејасно е што навистина и е приоритет на опозицијата во моментов?!
Кусите спотчиња се снимаат како дел од кампањата „Летувајте во Македонија, на море или на планина“ и убавината на локалитетите е неспорна. Случајно или намерно главните актери се носители на изборни единици, се разбира на избори кои не ги сакаат, па така Мисајловски, Стојаноска, Дурловски се појавија во спотови снимени на локации во изборните единици кои ги претставуваат.
Бројни беа реакциите на граѓаните на социјалните мрежи по објавувањето на спотовите, а во најголем дел од коментарите го прашуваат лидерот на опозицијата, како тоа на одмор може да се оди, а на избори не?!









































