Волонтерите на Црвен крст-Струмица почнаа со делење пакети хуманитарна помош на најранливите категории граѓани во четирите општини од Струмичкиот регион.

-Помошта е донација од УСАИД и се состои од еден пакет со храна и еден пакет со хигиенски производи, а се опфатени 465 семејства од струмичкиот регион, погодени од кризата со коронавирусот, односно жители од општините Струмица, Василево, Босилово и Ново Село, информираат од струмичкиот Црвен крст.

Волонтерите ја доставуваат хуманитарната помош на домашна адреса на корисниците, а во дистрибуцијата на пакетите Црвениот крст Струмица доби логистичка поддршка од градоначалниците на четирите општини.