Надежта ми е кај граѓаните дека ќе ги почитуваме мерките. Колку толку со маските имаме нормален живот. Здравствената комсиија е свесна за карантините и ефектите кои ги дава, рече премиерот Зоран Заев во вечерашното издание на „Отворено студио“ на МРТВ одговарајќи на прашањето за евентуалниот есенски бран на корона вирус.

Се работи за нашето здравје, на нашите повозрасни роднини бидејќи тие се позагрозени. Алармот да биде на повисоко ниво. – порача Заев.

Секоја казна која ќе биде изречена мора да биде ефективна, односно да биде платена, рече Заев за санкциите за сите кои не ги почитуваат мерките за превенција од корона вирусот. Нема амнестија! – дециден е Заев.