Со првиот ребаланс на државниот Буџет се скрати од непродуктивни трошоци, односно сето тоа што е неопходно беше одложено – рече премиерот Зоран Заев во вечерашното издание на „Отворено студио“ на МРТВ.
Ребаланс мора да има, ќе се крати секаде каде има непродуктивни трошоци, каде пари се одлеваат надвор од државата, наместо кратење на капиталните инвестиции. Имаме 150 – 200 милиони средства на располагање, но нема да ги трошиме сите. Тоа е рационализација на парите за да стоечки ја пребродиме кризата. Граѓаните ќе имаат дирекна помош со картичките ќе ја зголемиме потрошувачка, ќе се враќаат работниците кои се отпуштија за време на кризата – порача Заев.
Помош од државата преку картички ќе земат сите лица со приходи под просек. Помош ќе добијат самохрани родители, пензионерите со пензии под 15.000 денари, како и пасивните баратели на работа, појасни Заев.







































