Градскиот мост во Делчево е оштетен во сообраќајна несреќа што се случи синоќа околу 1:30 часот по полноќ, информираат од Полициското одделение од општа надлежност Делчево.
-Во сообраќајната несреќа учествувало едно возило, кое поради неприлагодена брзина удрило во градскиот мост и срушило дел од оградата на мостот во центарот на Делчево. Од возачот е земено крв и урина за анализа, додека постапката за понатамошни дејствија за штетата е во тек, истакнаа од делчевската полиција.