Светска банка во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија годинава од 3,6 отсто и за наредната 3,5 отсто.

Во полугодишниот извештај „Глобал Економик Проспектс“ (Global Economic Prospects) прогнозата за раст на БДП во регионот е 4,4 отсто во Албанија, 3,5 отсто во БиХ, 3,7 во Бугарија, Хрватска 4,2 отсто, Косово 4,9 отсто, Црна Гора 3,9 отсто и Србија 3,4 отсто.
Според Светска банка растот во Западниот Балкан се очекува да се забрза до 3,5 отсто во оваа година, во услови на враќање на довербатааан потрошувачите и бизнисот, како и намалување на политичката нестабилност.







































