Македонската радиотелевизија ја завршила 2019 година со загуба од 8,5 милиони евра, а претходната 2018 година со загуба од 420 илјади евра, според Годишниот извештај за работењето на Јавното радиодифузно претпријатие Македонска радиотелевизија за 2019 година, кој неделава беше на дневен ред на собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, заедно со финансиските планови за 2020 и 2021 година, пишува порталот СДК.
Генерален директор на МРТВ уште од 2012 година е Марјан Цветковски. Последен пат беше реизбран во февруари 2018 година со мандат од три години, кој му истекува следниот месец. Генералниот директор на МРТВ го бира Програмскиот совет на МРТВ, чии што пак членови ги бира Собранието со двотретинско мнозинство.
Во меѓувреме, Собранието ги пречекори сите законски рокови предвидени за избор на новиот состав на Програмскиот совет на МРТВ. Претседателот на Собранието Талат Џафери објави оглас за нови членови на Програмскиот совет во јануари 2019 година и за 13-те места се пријавиле 19 кандидати.
Целиот текст на СДК.







































