Неколку работи во врска со вакцините AstraZeneca…
1. Еден дел од европските држави само привремено го суспендираа вакцинирањето со вакцини AstraZeneca, истовремено истакнувајќи дека засега нема докази дека вакцината предизвикува тромбоза…
2. Анализите покажвуаат дека од 17 милиони дадени дози во Европа, пронајдени се само 37 случаи на тромбоза, но за ниту еден од тие случаи не е докажано дека е последица на вакцината…
3. Канадскиот Национален советодавен комитет за имунизација NACI не само што ја препорачува вакцината AstraZeneca, туку во најновото соопштение вели дека истата е безбедна и за постари лица, над 65 години…
4. Досега во светот се направени три ‘real-world studies’ за вакцината AstraZeneca и сите покажуваат дека вакцината е безбедна за употреба…
5. И Европската агенција за лекови (ЕМА) објави дека нема никакви назнаки дека вакцината против ковид-19 на Оксфорд и „АстраЗенека“ предизвикува тромбоза (згрутчување на крвта)…
6. Во Канада вакцини се ставаат и во амбуланти и аптеки… За вакцината AstraZeneca секојдневно гледам колони од луѓе чекајќи на ред да ја примат вакцината…
ФБ статус на Ацо Лукароски







































