Во соопштение објавено утринава, Кларенс Хаус потврди дека 71-годишниот принц Чарлс имал позитивен тест на коронавирус и му бил дијагностициран Ковид-19 .
Наследникот на тронот покажува “благи симптоми” и е во “добра здравствена состојба” и се наоѓа во самоизолација во Шкотска заедно со војвотката од Корнвол чиј тест излегол негативен.
“Незвозможно е да се потврди со сигурност каде принцот го закачил вирусот со оглед на големиот број јавни ангажмани кои ги имал во последниве неколку недели.” – стои во соопштението до јавноста.
Последниот јавен настап на принцот Чарлс беше на 12 март кога бил организиран прием и вечера за помош и санирање на последиците од пожарите кои беснееја во Австралија минатата година.
Еден ден претходно, принцот од Велс присуствувал на церемонија во Бакингамската палата, каде имало и прием на кој се почитувало правилото за неостварување контакт со цел да се испочитуваат мерките за спречување на ширењето на коронавирусот, но и покрај тоа неговиот тест сепак е позитивен.







































