Времето денеска ќе биде претежно облачно и значително посвежо, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, соопшти УХМР.
Локално ќе има појава на невреме, со интензивен пороен дожд (над 30 l/m2 за кратко време), грмежи, силен ветер (над 70 km/h) и град.
Во Скопје претежно облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, грмежи, и засилен ветер.
Во среда ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, а преодно стабилизирање на времето во четврток. Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса нови врнежи се очекуваат во петок.