Адвокатот Звонко Давидовиќ се демантира себеси во однос на ставовите искажани за притворот на Сашо Мијалков. Тој сега го обвинува Судот дека носи погрешни одлуки, иако досега во јавните настапи во својство на правник постојано ја нагласуваше можноста за бегство.

Прашан за драмата околу трагањето и појавувањето на екс директорот на тајната полиција Сашо Мијалков и за тоа дали системот потфрлил, адвокатот Давидовиќ за Канал 5 истакна дека пропустот е кај обвинителството, затоа што постапувало со двојни аршини и не дало решение за притвор или друга мерка, како што реагирало за слични случаи, ако веќе имало сознанија дека Мијалков се подготвува да избега.

Тој во истата изјава уште дополнува и дека со бегството на Мијалков се покажало дека политиката се уште има големо влијание врз судството и обвинителството. Сега пак го тврди сосема спротивното, односно дека поради политички причини Мијалков е се уште во притвор.

Давидовиќ е контрадикторен и за самото прашање за можноста од бегство и притвор и во други судски предмети.

Според адвокатот, во изјава дадена за Алсат пред неколку години, одлуката на Кривичниот совет да не ја прифати жалбата на СЈО со што Сеад Кочан останува да се брани од слобода, е уште еден пример за двојните стандарди на судството. Односно, и во овој случај Давидовиќ „навива“ за притвор. Тој понатаму додава:

-Прво, никогаш не се случило некој кој бил во бегство да не отиде во притвор, да му се укине мерката за притвор. Второ, подолго време ова веќе трае и беше подготвувано и луѓето кои ги следат предметите насетуваа, затоа што Апелациониот суд, точката 2 и 3 – значи влијание на сведоци или да не го повтори или доврши делото, ги укина во старт и отвори можност да се даде гаранција. Врховниот суд токму тоа го направи, а Основниот суд Скопје 1, како и досега ја одигрува улогата на пречка на СЈО, изјавил адвокатот Давидовиќ.

И покрај фактот што сега Мијалков имаше обид за бегство, адвокатот тврди дека притвор не смее да се изрече иако претходно бил категоричен дека оној што се пуштил во бегство е невозможно да не биде во притвор.

Сега Давидовиќ тврди Судот не го земал предвид тоа што компаниите, односно имотот којшто е влезен во гаранцијата на Мијалков која е запишана и која е правосилна обезбедува плати и придонеси на повеќе од 350 вработени семејства во републикава и од кои државата добива приход по однос на даноци и акцизи, поголеми износи коишто и самиот суд ги наведува во решението.

„Во спротивна насока ги цени како можност за бегство, а не како можност дека токму тоа што тој овде има основано свој бизнис нема намера, ниту волја да се даде во бегство“, нагласува сега Давидовиќ, со што дополнително ја потврди контрадикторноста во ставовите.